Поранешната македонска пејачка, а сега шминкерка и инфлуенсерка, сподели радосна вест на социјалните мрежи.
Зорица Матијашиќ која на јавноста ѝ е позната како Зои Блаж го очекува своето прво дете со ракометарот Тадеј Матијашиќ.
„Нашиот најголем благослов е на пат“, напиша таа под емотивната снимка на „Инстаграм“.
Поради работните ангажмани на сопругот, двојката подолго време живее во Германија.
„Ми недостасуваат моите, внук ми, другарките и храната. Гледаме еднаш до двапати годишно да доаѓаме во Македонија“, изјави Блаж неодамна.
Пеењето беше нејзина прва љубов, има и формално музичко образование, но како што кажа во една прилика го надраснала сето тоа.
„Јас сум човек што сака да истражува, да менува работа, но да е поврзано со уметност. Сега си пеам за душа и за пријателите и тоа многу ме прави среќна“, изјави таа во едно интервју.

