fbpx

Се сеќавате ли на „Магија“? Нема да верувате каде се и што прават денес

Минатата година јавноста повторно се заинтересира за македонскиот бој-бенд „Магија“ кој полнеше дискотеки и клубови на крајот од 90-тите години на минатиот век кога докажаниот пејач, автор и продуцент Јован Јованов сними нова верзија на нивниот голем истоимен хит со младиот артист Пајак.

Јованов кој со години живее и работи во Канада неодамна повторно се врати во Македонија, а причината беше штипскиот „Макфест“ каде веќе три години е член на уметничкиот совет на фестивалот.

Јованов и денеска живее од музика, но има и приватен бизнис со изнајмување на фотографски студија. Има 12 годишна ќерка од бракот со Николина. Тој пред две години ја изненади јавноста кога откри дека тие одамна не се во љубовна релација, но ретко кој знаел затоа што, како што изјави, никој и не го прашал на оваа тема.

Освен Јованов, во „Магија“ членуваа и Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковскии и Дони Марџиев. И денес сите се занимаваат со музика.

Зоки живее во Австралија, има свој бенд и редовно настапува таму. Дамјан работи песни за други изведувачи, а, Дони работи во компанија за рент-а-кар, но и со Симон Трпчески, открива Јованов во неговото најново интервју за порталот „Црно бело“.

Следни Објави

Мајката на Наум Петрески на 81 година сними песна со снаата: Ќе ти купам свилен фустан бре Зуице

Зуица Лазова синоќа го прослави јубилејниот 50-ти роденден со голема забава на која симболично промовираше и пет песни. Познатата фолк-пејачка, водителка и професорка по хармоника имаше ноќ за паметење на која ѕвезда на вечерта, сепак, беше нејзината свекрва Анастасија. Мајката на Наум Петрески на 81 година пропеа и сними заедничка […]