fbpx

Мајката на Наум Петрески на 81 година сними песна со снаата: Ќе ти купам свилен фустан бре Зуице

Зуица Лазова синоќа го прослави јубилејниот 50-ти роденден со голема забава на која симболично промовираше и пет песни.

Познатата фолк-пејачка, водителка и професорка по хармоника имаше ноќ за паметење на која ѕвезда на вечерта, сепак, беше нејзината свекрва Анастасија.

Мајката на Наум Петрески на 81 година пропеа и сними заедничка песна со славната снаа, нумерата „Ќе ти купам свилен фустан бре Зуице“.

Зуица и Наум се една од најпознатите македонски двојки. Живеат заедно повеќе од деценија и пол, но малкумина знаеја дека се’ до пред две години тие не беа во брак. Популарните пејачи дури во 2022 година решија да склопат граѓански брак и да се заколнат пред Бога.

Плод на нивната љубов се ќерката Македонка и синот Стефан.

Следни Објави

Порасна синот на Тони Михајловски: Максим наполни 13 години

Александра Јорева Михајловска, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, сподели емотивно видео на социјалните мрежи. Снимката е направена со повод-роденденот на нивниот син кој денеска наполни 13 години. Во неколку кадри од видеото може да се забележи колку Максим пораснал. View this post on Instagram A post shared by Aleksandra (@ana_79_josi) […]