Британското кралско семејство во една прилика се најде под лупа на јавноста поради Сара Роуз Хенбери, манекенката и модел која наводно е жената со која принцот Вилијам имал љубовна афера.
Она што е уште пошокантнио е дека таа важела за добра пријателка на изневерената Кејт Мидлтон, пишуваа британските таблоиди.
Ова не е првпат британскиот престолонаследник да биде поврзан со недолично и скандалозно однесување.
Писателот Ендрју Мортон откри детали за принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт во книгата William and Catherine.
„Ја третираше како слугинка додека беа во врска“, напиша тој повикувајќи се на блиски пријатели на Војвотката од Кембриџ кои искрено се радувале кога двојката на кратко се раздели во 2007 година.
Односот на Вилијам и Кејт не бил секогаш идиличен, тврдат тие.
– Вилијам беше тврдоглав и мислењето на Кејт воопшто не го земаше в предвид. Повеќе ја третираше како слугинка отколку како девојка. Не се расправаа, туку едноставно ја игнорираше. Како да не беше присутна во разговорите. Нивниот однос имаше големи подеми и падови и неколкупати се разделуваа пред да се земат – признал близок пријател на Мидлтон.