fbpx

Беше наша гордост во „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри кои естески корекции ги направила

Младата македонска пејачка Андријана Петрушовска е единствената натпреварувачка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ која дури двапати стигна до големото финале.

Последната сезона беше во тимот на Александар Милиќ-Мили и го освои високото трето место.

Петрушовска која вчера го прослави својот 24-ти роденден ретко зборува за приватниот живот. Таа има една раскината свршувачка, а на прашањето дали и понатаму верува во љубовта, таа во едно интервју дипломатски одговори дека верува во се’ што ја прави среќна.

Андријана секогаш е средена по најнова мода и постојано мами воздишки со атрактивниот изглед, а неодамна за „Гранд онлајн“ откри кои естетски корекции ги има направено.

„Направив некоја мала корекција на усните, но нема ништо повеќе да чепкам. Повеќе ми се допаѓа кога се гледа гримаса на лицето. Тоа е дел од нашиот живот и не би чепкала ништо понатаму. Но, немам ништо против ако некој прави сериозни естески корекции, секој одлучува за себе“, кажа таа за истиот портал.

Следни Објави

Македонка се расплака во „Ѕвездите на Гранд“: Жирито молеше да ѝ се донесе вода, драма во студиото

Скопјанката Божица Китановска (27) во синоќешната епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ отпеа две песни-традиционален македонски и рефрен и нумера од групата „Магазин“. По завршувањето на настапот, нашата кандидатка беше видно исплашена и вознемирена, рацете ѝ се тресеа, а устата ѝ беше сува, пренесува „Гранд онлајн“. „Може ли да зборува? […]