fbpx

Пред пет месеци стана татко, а сега конечно се огласи: Прва изјава на Жаре од „Еден на еден“

Популарниот ТВ-водител Жарко Димитриоски пред пет месеци стана татко.

Домаќинот на популарното ток шоу „Еден на еден“ се’ до пред некој ден ја криеше радосната вест од јавноста, но на покана на етаблиран македонски бренд тој прифати да зборува за татковството на настан кој утре ќе се пренесува во живо на социјалните мрежи.

Со него ќе дебатираат и актерите Тарик Филиповиќ, Сашко Коцев и Петар Бенчина.

„Нашата ќерка има има само пет месеци и веќе е најголемата радост во нашиот живот и мало сонце кое ни го осветлува секој ден.

Гледаме како расте, уживаме и посакуваме секој да доживее таква радост“, вели Димитриоски во изјавата која ја даде за порталот „Женски магазин“.

Следни Објави

„Единец на мајка, душа чиста како ангел“: Почина малиот Бошко од Кавадарци

Тажна вест утрово е споделена на социјалните мрежи. Почина малиот Бошко Јанкулов од Кавадарци кој боледуваше од карцином. За Јанкулов се собираа финансиски средства за да замине на лекување во Турција, но, за жал, тој ден не го дочека. Со трогателна порака од своето чедо се прости и мајката Весна. […]