fbpx

Овие две Македонки ја освојуваат Европа: Ги споредуваат со поранешна српска снаа

Андреа и Партиција се близначки од Македонија кои моментално се меѓу најбараните диџејки во Европа.

За нив во суперлативи пишува порталот „Женски магазин“.

„Андреа и Патриција музиката ја сакале уште како мали. Свиреле на пијано и биле фокусирани на класичните тонови од безвременските Бетовен и Бах. Подоцна како ја откривале електронската музика, се заљубиле во неа на свои 18 години, кога ги имаат и првите почетоци во нивната кариера, но непрофесионално“, пишува за нив „Женски магазин“.

„Почнавме да организираме приватни настани со нашите најблиски, при што ние пуштавме музика на контролер. Не многу подоцна, во последен момент одлучивме да ја започнеме нашата кариера професионално, јавно со артистичкото име „The Geors“, кое е всушност кратенка од нашето презиме Ѓеоргиеви“, раскажуваат тие за истиот портал.

Овие две атрактивни сестри ја започнале кариерта како модели, а „Женски магазин“ пишува дека имаат голема сличност со светскиот топ-модел Адријана Лима, инаку поранешна српска снаа која од 2009 до 2016 година беше во брак со кошаркарот Марко Јариќ.

Следни Објави

Македонец ја има најубавата љубовна приказна во „Никогаш не е доцна“: Судбината ги спои на неверојатен начин

Илијевски по професија е стоматолог, но музиката отсекогаш му била втора љубов Македонецот Трајче Илијевски блесна во последната епизода на шоуто „Никогаш не е доцна“. Покрај извонредно пеење, тој покажа и неверојатна енергија која, како што вели, се должи на неговата поубава половина. „Од госпоѓата добивам позитивна енергија, но и […]