fbpx

Македонец ја има најубавата љубовна приказна во „Никогаш не е доцна“: Судбината ги спои на неверојатен начин

Илијевски по професија е стоматолог, но музиката отсекогаш му била втора љубов

Македонецот Трајче Илијевски блесна во последната епизода на шоуто „Никогаш не е доцна“. Покрај извонредно пеење, тој покажа и неверојатна енергија која, како што вели, се должи на неговата поубава половина.

„Од госпоѓата добивам позитивна енергија, но и по природа сум позитивна личност“, нагласи тој.

Неговата животна сопатничка Параскева Чатмова е поранешна министерка. Иако имале сосема различни патишта, судбината ги споила по долги години.

„Заедно одевме во средно училиште и потоа патиштата ни се разделија. Тој студираше медицина, а јас економија. Се немавме видено 30 години, во меѓувреме ми почина сопругот, но и неговата сопруга, па се’ се случи спонтано, убаво функционираме“, откри таа во студиото на „Гранд“ каде допатува како негова поддршка.

Трајче потоа со насмевка на лицето откри дека пее на четири различни јазици.

„Имам и свои песни, кантавтор сум на 15 балади. Пеам на грчки, англиски, српски и македонски“, нагласи Илијевски.

Следни Објави

Од Лидија ни трага, ни глас: Брат ѝ ги негира муабетите за џемперот, се огласи и сопругот

Се’ уште нема ниту трага, ниту глас од Лидија Трајковска од скопско Јурумлери по која веќе петти ден се трага. Нејзиното семејство моли за помош, а сега се огласи и сопругот. Свето Трајковски раскажува дека неговата сопруга последен пат била забележана на камери во пет часот наутро во петокот на […]