fbpx

Се сеќавате ли на готвачот на Канал 5? Болеста го уништи, бара помош од граѓаните

Готвачот кој се прослави со своите кулинарски вештини во шоу на Канал 5 телевизија води страшна битка со ракот.

Антонио Јанковски повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните. Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост.

„Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене. Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“, напиша тој на „Фејсбук“.

Ова е сметката на која можете да донирате.

Стопанска Банка

200004050431223

Јанковски пред неколку години проговори за ракот и за својата тешка животна приказна. Тогаш кажа дека по разделбата со сопругата, забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза.

Следни Објави

Овие две Македонки ја освојуваат Европа: Ги споредуваат со поранешна српска снаа

Андреа и Партиција се близначки од Македонија кои моментално се меѓу најбараните диџејки во Европа. За нив во суперлативи пишува порталот „Женски магазин“. „Андреа и Патриција музиката ја сакале уште како мали. Свиреле на пијано и биле фокусирани на класичните тонови од безвременските Бетовен и Бах. Подоцна како ја откривале […]