Димитар е загинатиот ученик кај Елешец: „Како да знаеше дека кратко ќе биде на овој свет“

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја информира јавноста за страшна сообраќајна несреќа што синоќа по полноќ се сучила во близина на охридската населба Елешец.

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, информира Димоски.

Славка Јанеска, професорка по македонски јазик и литература во ОСУ „Св. Климент Охридски“ на социјалните мрежи го откри идентитетот на загинатото момче.

„Доаѓам на училиште и.. трагична вест. Наш, мој ученик го загубил животот во сообраќајна несреќа. Димитар, весело благородно дете, животот му беше песната, секогаш насмеан, со зборовите.. ‘Уште оваа песна, професорке’.. Како да знаеше дека кратко ќе биде на овој свет, каде се’ е привидение, само смрта е реалност. Што да се каже, нема зборови, освен ‘животе скоте’. Патувај кај ангелите Димитар, за да им пееш и осветлуваше со својата позитивна енергија и весел дух“, напиша таа.

Следни Објави

Еден од најнабилданите македонски мажи пријавил насилство од жена: Вака го малтретирала

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров, кој гостуваше во последната епизода на шоуто „Нешто конкретно“ даде неочекувана изјава. Кога водителката Снеже Велков го праша дали се плаши од нападни жени, тешко кој можеше да претпостави дека ќе даде одговор кој веќе крена голема прашина во јавноста. „Кога пријавив во […]