Сузана Турунџиева со трогателна посвета се присети на семејната трагедија.
Таа на нејзиниот профил на „Фејсбук“ му оддаде почит на својот брат Панде Турунџиев кој трагично го загуби животот во Канада на 36-годишна возраст.
-Изминуваат 23 години полни со празнотија и горчина кои пробав да ги лекувам со музика, пишување, цртање, патување и што ли уште не и се’ уште не го открив тоа „време кое лечи се’“- напиша популарната македонска водителка, пејачка и писателка.
Низ годините, повеќе македонски медиуми пишуваа за смртта на Панде Турунџиев. Дел од нив информираа дека тој бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.