fbpx

Д-р Бранимир Несторовиќ: Вака исчистите го телото од загадениот воздух

Квалитетот на воздухот во Скопје, но и во целата држава е исклучително лош, тешко дишеме и често се закашлуваме кога по подолга прошетка ќе влеземе дома.

Познатиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, вели дека аерозагадувањето влијае и на другите органи и дека постои јасен сооднос на бројот на заболени од карцином со степенот на загаденост.

– Аерозагадувањето спаѓа меѓу најважните причинители на смртоносни болести според податоците на Светската здравствена организација. Според моменталните проценки, речиси секое шесто дете има астма, преку 20 отсто од нив се соочуваат со алергиско кивање, а во пораст се и другите заболувања директно поврзани со респираторните инфекции – вели д-р Несторовиќ.

Тој тврди дека најчувствителни се децата до три години, бидејќи нивната плуќа е во развојна фаза и оштетувањата во тој период може да бидат со трајни последици.

Професор Несторовиќ вели дека најдобро е да се излезе надвор кога има струење на воздухот и што почесто да се пешачи покрај река бидејќи водата ги раствара гасовите од аерозагадувањето.

Исто така препорачува што повеќе да се консумира сок од цвекло кој ги отстранува тешките метали од нашето тело.

Следни Објави

Брат ѝ трагично почина: Македонската водителка полна со празнотија и горчина

Сузана Турунџиева со трогателна посвета се присети на семејната трагедија. Таа на нејзиниот профил на „Фејсбук“ му оддаде почит на својот брат Панде Турунџиев кој трагично го загуби животот во Канада на 36-годишна возраст. -Изминуваат 23 години полни со празнотија и горчина кои пробав да ги лекувам со музика, пишување, цртање, […]