fbpx

Домашен пивски сируп ја решава упорната кашлица за еден ден: Баба Мира го пие со години

Сите знаеме ова време од годината, кога стандардно се соочуваме со вируси и со настинки, да посегнеме по бабините народни „лекови“. Токму овој рецепт е ваков.

Баба Мира несебично го сподели нејзиниот рецепт за познатиот пивски сируп. Вкусот е неочекувано добар, а се користи за чистење на белите дробови, но и за кашлица.

Потребни состојки:

3 ловорови листови

150 гр шеќер

0,5 л. пиво

Подготовка:

Карамелизирајте го шеќерот во тава на тивок оган, но внимавајте да не изгори. Кога шеќерот ќе добие убава кафена боја, тргнете го од оган и додадете го пивото кое претходно треба да го чувате на собна температура.

Сирупот вратете го во шпорет и мешајте додека смесата убаво не се соедини (15-20 минути). Кога сирупот ќе почне да наликува на мед, додадете 3 ловорови листови и потоа истурете го во стаклена тегла и оставете да се излади.

Сирупот можете да го чувате и надвор од фрижидер. Се зема наутро и навечер, а по потреба може и попладн. Може да го пијат и деца, по една кафена лажичка дневно.

Ако имате многу силна кашлица, во сирупот можете да додадете неколку листови свежо нане. А ако не сте болни, секое утро можете да пиете по една кафена лажичка сируп.

* Текстот служи како алтернативен третман, што значи дека мора да се консултирате со лекар пред употреба

Следни Објави

Видно ослабен и под терапија: Наум Петрески проговори за болеста

Наум Петрески е видно ослабен. Новата линија не му е од специјален режим на исхрана, туку од лекарствата што ги пие. Докажаниот македонски фолк-пејач за порталот „ММС“ конечно проговори за нарушеното здравје кое, како што вели, комплетно му го променил начинот на живеење. Дека има дијабетис тип 2 дознал баш […]