fbpx

Еден од најнабилданите македонски мажи пријавил насилство од жена: Вака го малтретирала

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров, кој гостуваше во последната епизода на шоуто „Нешто конкретно“ даде неочекувана изјава.

Кога водителката Снеже Велков го праша дали се плаши од нападни жени, тешко кој можеше да претпостави дека ќе даде одговор кој веќе крена голема прашина во јавноста.

„Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа дека се шегувам со нив или дека е скриена камера“, откри Зафиров во емисијата.

Тој раскажа дека таа жена постојано го следела, го вознемирувала и вербално го малтретирала. На крајот добила забрана да му се приближува, призна тој.

Зафиров по потекло е од Неготино. Со сопругата Габриела имаат две деца-синот Блаже кој е со оштетен вид и за кој првпат јавно проговори пред две години во заедничкиот подкаст на Стефан Лазаров и Зоки Фаци, и ќерката Ангела.

Следни Објави

Домашен пивски сируп ја решава упорната кашлица за еден ден: Баба Мира го пие со години

Сите знаеме ова време од годината, кога стандардно се соочуваме со вируси и со настинки, да посегнеме по бабините народни „лекови“. Токму овој рецепт е ваков. Баба Мира несебично го сподели нејзиниот рецепт за познатиот пивски сируп. Вкусот е неочекувано добар, а се користи за чистење на белите дробови, но […]