fbpx

Видно ослабен и под терапија: Наум Петрески проговори за болеста

Наум Петрески е видно ослабен. Новата линија не му е од специјален режим на исхрана, туку од лекарствата што ги пие.

Докажаниот македонски фолк-пејач за порталот „ММС“ конечно проговори за нарушеното здравје кое, како што вели, комплетно му го променил начинот на живеење.

Дека има дијабетис тип 2 дознал баш на неговиот јубилеен 50-ти роденден. Раскажува дека шеќерна болест имале бабите и деовците и од кај мајка ми и од кај татко ми, го имал татко му, а го има и мајка му. Свесен бил дека заради тоа може и тој да се разболи, но не очекувал тоа да се случи толку рано во животот.

„Открив дека имам дијабетис на мојот 50-ти роденден. Сакав нешто да прочитам и не можев да го прочитам, видот ми беше замаглен. А тогаш бев под голем стрес околу кампањата, прославата на јубилејот и тој голем стрес придонесе да ми се јави побрзо. А не смеам да ја испуштам и гојазноста, во тоа време бев многу поправен. Утредента отидов на ендокринолог и ми ми најдоа шекер 29,6. Многу сериозно. Веднаш ми препишаа терапија, која за седум дена ми го симна на 11, а потоа дојде на нормала, 6,5 до 7. Таа терапија од тогаш ја примам, еве веќе осма година“, открива Наум за „ММС“.

Фотографии: Фејсбук-профил на Наум Петрески

Следни Објави

Влага и мувла во вашиот дом: Со само една намирница до чисти и суви ѕидови

Во овој преоден период, поради големата разлика на надворешната температура со внатрешната во просторијата која се загрева, доаѓа до кондензација и влага. Свесни сте дека не е во прашање само естетскиот дел, туку проблемот е многу поголем и директно му штети на вашето здравје. Мувлата и влагата предизвикуваат алергии, респираторни […]