fbpx

Преку ноќ се повлече од македонската естрада: За 4 години му се родија три деца

Пред повеќе од две децении Маријан Стојаноски беше звучно име на домашната музичка сцена. „Срце ќе ти украдам“, „Подарок“ и „Овој ритам е јак“ се дел од неговите хит-рефрени кои и денес се вртат на радиостаниците.

Некако преку ноќ, Стојаноски се повлече од македонската естрада, но пеењето продолжи да го негува. Тој со години е вработен во Националната опера и балет каде настапува со хорот, а приватно е сопруг и татко на дури три деца.

Првпат стана татко пред четири години кога со сопругата Наташа ја добија ќерката Вероника. Потоа се роди Петар, а лани и ќерката Кирјана.

„На моја среќа, слава и фала на Бога, ми подари три прекрасни деца. Вероника, Петар и Кирјана и сопругата Наташа која ги донесе на овој свет. Нашата среќа не се опишува. Наутро те будат мили дечиња со нивната насмевка, чистина и радост. Прво сите заедно лежиме, потоа стануваме и играме буквално цел ден креативни игри од мое време“, раскажува Стојаноски за „Женски магазин“.

Маријан вели дека децата го научиле на многу работи за кои претходно не знаел дека може да ги чувствува и дека откако постојат тие нема дилема околу приоритетите во животот.

„Научив како да сум на последно место и верувајте преубаво ми е и едноставно уживам“, вели тој.

Следни Објави

Го изгубија синот, а сега болката ја лечат во штипската црква и во манастирот Св. Петка

Ниедна болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубиш дете Пред неполни две години, Ѓоше и Блага Дафинчевски го изгубија својот 42-годишен син Борче. Оваа брачна двојка ја доживеа најголемата човечка болка. Ракот беше нивниот судбински непријател кој им ги сруши сите столбови на животот, пишува локалната […]