Маж ѝ почнал непријатно да мириса: Го обвинила дека не се бања, но кога отишле на лекар ја слушнале страшната дијагноза

Џој Винсрој сè почесто забележувала непријатен мирис кај нејзиниот сопруг Вес и упорно му обраќала внимание дека нешто не е во ред со него. Го обвинувала дека не се бања редовно и дека итно треба да ги промени неговите хигиенски навики.

„Сопругот цело време ги негираше моите обвинувања, но тој непријатен мирис не ми даваше мир. Чувствував непријатна смрдеа насекаде околу мене, целата соба мирисаше на специфичен мирис кој беше неподнослив“, раскажува таа за „Си Ен Ес Њуз“.

Кога конечно го натерала да отидат на лекар, ја дознале страшната дијагноза-Паркинс. Џој и Вес почнале да посетуваат групни состаноци на пациенти кои се борат со оваа невродегенеративна болест. Џој набрзо сфатила дека на состаноците на оваа група го препознава истиот мирис што првично го забележала на нејзиниот сопруг.

Бидејќи истражувачите на Паркинсоновата болест не биле сигурни во тврдењата на жената, направиле низа тестови за да го тестираат нејзиното сетило за мирис, но Џој го поминала секој тест совршено.

Научниците сега веруваат дека Паркинсоновата болест предизвикува суптилни промени на нашата кожа, па оттука и необичниот мирис што Џој го чувствувала цело време.

Следни Објави

Татјана стави круна, па позираше со гостите: Гламурозна прослава за јубилејниот роденден

Една од најпознатите македонски презентерки со гламурозна прослава го одбележа својот јубилеен 50-ти роденден. Татјана Стојановска за оваа свечена пригода облече блескав црн фустан, а на главата стави импровизирана круна на која пишува „Среќен роденден“. Освен со сопругот, бизнис консултантот Михаил Китановски, таа успеа да се фотографира со речиси сите гости […]