fbpx

Го однел татка си во старечки дом: Синот му одржал лекција за цел живот

Во еден град, поради обврски на работа, синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајки се од училиште го посетил деда си и се запознал со условите во кои живее.

Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се стопли, бидејќи во домот му било ладно. Таткото на детето му дал пари да купи убаво ќебе. Момчето купило две, па едното го однел на дедо си, а другото дома.

Кога таткото се вратил од работа во куќата го нашол ќебето, па зачудено ја запрашал сопругата какво е ова ќебе. Таа му рекла да го праша синот.

Кога го запрашал зошто не го однел ќебето на дедо му, синот му одговорил дека на дедо му му однел едно, а ова го донел дома да го сочува кога ќе го прати татка си во дом за стари лица, па да му го однесе тогаш.

Таткото седнал и се замислил за целата ситуација. По оваа случка, дедото, на големо задоволство е вратен повторно дома.

Следни Објави

Имам две деца, во трошење цели на мајката: Искрено со водителот на „Мерак меана“

Секогаш искрен и со неверојатна смисла за хумор, водителот на омилената фолк емисија која се емитува на телевизија „Сител“ е еден од најпозитивните ликови на македонската естрада. Домаќинот на „Мерак меана“ е семеен човек, а сега конечно и проговори за своите најблиски. Трајче Толевски, музичар и скопски угостител познат на […]