Секогаш искрен и со неверојатна смисла за хумор, водителот на омилената фолк емисија која се емитува на телевизија „Сител“ е еден од најпозитивните ликови на македонската естрада.
Домаќинот на „Мерак меана“ е семеен човек, а сега конечно и проговори за своите најблиски.
Трајче Толевски, музичар и скопски угостител познат на јавноста како Трајче Мајка, е во хармоничен брак со Вики и има две деца.
„Место да се нервирате, слушајте си ја женичката. Бадијала се препелкате, пак ќе е по нејзино. Последно нешто што направи Вики е да одам сам на одмор, таа дома да изреновира по нејзина желба, да ми ги намали нервозите ако бев присутен“, раскажува Толевски за „Женски магазин“.

На прашањето како ги воспитува своите деца и на какви животни вредности ги учи, тој дава уште поинтересен одговор.
„Имам две прекрасни деца, во трошење цели на мајката, и по ново тие ме учат на животните вредности. Кога им требаме се слушаме, кога им е се ОК, виберот работи“, вели тој.