fbpx

Имала силна болка во градите: Лекарите ѝ рекле дека е од стрес, па ја дознала страшната дијагноза

Британката Саскија Кларк (24) минатата пролет се пожалила на силни болки во градите, но лекарите мислеле дека е под стрес. А, потоа, за жал, ја дознала шокантната дијагноза

Саскија Кларк, менаџер на социјалните мрежи, била во добра здравствена состојба, ретко пиела алкохол, никогаш не запалила цигара и била физички активна. Нејзините симптоми биле стрес и анксиозност, а лекарите дури подоцна откриле дека има тумор на тироидната жлезда.

Оваа девојка почнала да чувствува интензивни болки во градите минатата пролет. Меѓутоа, бидејќи претходно се чувствувала вознемирена и уморна, лекарите првично мислеле дека состојбата ѝ се влошила бидејќи премногу работи. Сепак, по бројните прегледи конечно ја лоцирале причината, а на Саскија ѝ бил дијагностициран редок облик на рак на тироидната жлезда.

„Беше навистина страшно. Прво бев навистина лута што им требаше толку време за да ја добијат вистинската дијагноза. Но, исто така почувствував чудно олеснување, бидејќи знаев дека не сум луда. Сто отсто знаев дека нешто не е во ред“, раскажува таа.

Саскија ја сподели својата приказна на социјалната мрежа „Тик Ток“, откривајќи дека тешката дијагноза ѝ била потврдена во август, 18 месеци откако првпат се загрижила за своето здравје во мај 2023 година.

„Беше фрустрирачки, бидејќи цел живот бев вознемирена и се обидував да си објаснам дека тоа не е анксиозност“, вели таа.

@saskiaclrk

Replying to @robynelizabethr big fat update for those curious! Grateful to be moving along and being on the road to feeling somewhat better, however scary it may be #cancerfighter #cancersucks #thyroid #health #surgery #cancertreatment #surgerytok #hospital #healthcare #teenagecancertrust #chemo #ivf #fertility #cancerdiaries #update #lifeupdate

♬ original sound – Saskia ✨chronic cancer journey

„Докторите ме упатија на кардиолог и ми рекоа да пробам еден куп велнес работи. Пробав сè, јога, медитација, звучни бањи, акупунктура, рефлексологија, дури и се откажав од алкохолот осум месеци со надеж дека ќе ми биде подобро. Болката сè уште беше присутна во градите“, раскажува оваа млада девојка.

Нејзиниот прв преглед кај кардиолог бил во ноември кој ѝ дал упат да направи ултразвук на срцето и крвните садови и ергометрија. Резултатите од тестовите биле добри, но набргу Саскија развила други загрижувачки симптоми поврзани со цревата. Ѝ бил направен и КТ скен на целото тело. По една недела ѝ се јавиле да дојде итно на разговор.

„Докторот ми го покажа скенот на белите дробови и имаше повеќе грутки на душникот. Беше навистина бизарно бидејќи никогаш не сум пушела и никогаш не сум имала проблеми со дишењето. Потоа направила биопсија, бронхоскопија и тестови на крвта. По една недела ја дознала шокантната вест дека биопсијата открила медуларен карцином на тироидната жлезда.

„Уморна сум од кога се сеќавам, но сум активна, не пијам многу, никогаш не сум пушела или пиела, се хранам релативно здраво и приоритет ми е здравјето. Некако секогаш знаев дека нешто не е во ред, па сега ми е дополнително тешко кога ќе погледнам мои фотографии од пред два месеца и ќе сфатам дека во тој момент сум имала рак, а сум немала поим“, завршува таа.

Следни Објави

Операцијата ја чинеше живот: Познатата актерка почина на 32 години поради зафат што го имала како девојка

Шарлби Дин беше ѕвезда во подем која одигра маестрална улога во канскиот лауреат „Триаголник на тагата“ пред да почине на само 32 години. Младата актерка и модел почина на 29 август 2022 година. Иако постоеше сомнеж дека причина за смртта била вакцината против Ковид-19, нејзиниот брат Алекс Џејкобс подоцна за […]