Пред една година македонската „супербабичка“ се пофали дека во нејзиниот прекрасен двор во Дојран конечно пристигнал новиот автомобил кој одамна си го посакувала, а сега со него сама возеше до Белград.
Нашата пејачка Добрила Ивановска-Чабриќ пристигна на Коштуњак со својот „спарк“ на снимањето на новата епизода на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ како поранешна победничка.
„Колата ми е одлична, мала и удобна, економична и не инспирира лудории. Сега возам бавно и безбедно“, откри Добрила во една прилика за „Гранд онлајн“ откако ја прашаа како се одлучи повторно да седне зад воланот откако пред две години доживеа сообраќајка во која, за среќа, беше полесно повредена.

Добрила и на 96 години плени си нејзината енергичност, а со овој потег уште еднаш покажа дека животната радост и ентузијазмот немаат рок на траење.
Во едно интервју откри дека освен во друштво на пријателите, слободното време го поминува и со своите кучиња кои ја одржуваат во живот и без кои не оди никаде.

