fbpx

Операцијата ја чинеше живот: Познатата актерка почина на 32 години поради зафат што го имала како девојка

Шарлби Дин беше ѕвезда во подем која одигра маестрална улога во канскиот лауреат „Триаголник на тагата“ пред да почине на само 32 години.

Младата актерка и модел почина на 29 август 2022 година. Иако постоеше сомнеж дека причина за смртта била вакцината против Ковид-19, нејзиниот брат Алекс Џејкобс подоцна за медиумите потврди дека тоа не е така.

Актерката починала поради компликации од рутинска операција која ја имала во своите рани 20-ти. Таа доживеала тешка сообраќајна несреќа во 2009 година, по што лекарите ѝ ја отстраниле слезината. Во несреќата се здобила и со скршеници на ребрата и повреди на грбот.

Медицинскиот истражител од Њујорк подоцна потврди дека причината за смртта е сепса. Нејзината бактериска сепса настанала откако била заразена со бактерија позната како Капноцитофага.

Иако инфекцијата е ретка, постојат различни видови на такви инфекции кои се развиваат во устата на луѓето, а се присутни и во устата на животните. Луѓето со автоимуни проблеми и без слезина се особено чувствителни.

Во својата релативно кратка актерска кариера оваа убавица имаше уште неколку забележителни ролји во остварувањата „Black Lightning“, „An Interview with God“ и „Spud“.

Само четири месеци пред да почине, Шарлби се сврши со долгогодишното момче Лук Чејс Вокер кој симболично ја запроси на Менхетен, на истата улица каде што првпат се бакнаа.

Следни Објави

Македонска супербабичка: На 96 години сама возеше до Белград, луѓето се чудат

Пред една година македонската „супербабичка“ се пофали дека во нејзиниот прекрасен двор во Дојран конечно пристигнал новиот автомобил кој одамна си го посакувала, а сега со него сама возеше до Белград. Нашата пејачка Добрила Ивановска-Чабриќ пристигна на Коштуњак со својот „спарк“ на снимањето на новата епизода на регионалното шоу „Никогаш не […]