Адам Лабунски стана татко. Тој и неговата избраничка Јелена која ја запроси два месеца пред да се породи добија ќерка.
Роднините на Лабунски честитајќи му за приновата го открија и името на новороденчето. Ќерката ќе се вика Хана.
Македонскиот пејач веднаш ги собра најблиските во едно познато скопско кафуле, се фати за микрофон и запеа.
Лабунски се прослави во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој е еден од ретките изведувачи кој беше дисквалификуван од ова музичко натпреварување, како што образложија тогаш од продукцијата, поради недолично однесување. Синот на познатиот фолк-пејач Ибро Лабунски подоцна прифати да учествува и во контроверзното реално шоу „Задруга“, па медиумите пак пишуваа за неговото проблематично однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Македонски пејач изневерен од девојката: Се вмешал и син му кој сите го знаете
Јелена, која се претставува како модна блогерка и е доста популарна на „Инстаграм“, му е втора свршеничка на Лабунски. Во 2020 година на романтично карстарење по Босфорот тој ја запроси својата тогашна девојка Џејлана Дачиќ, но двојката брзо ја раскина венчавката.