fbpx

„На 60 и кусур ниедна не ме сака, седам дома и пишувам песни“: Владо ја кажа вистината

Во пресрет на предновогодишниот концерт во Скопје закажан на 27 декември во салата „Јане Сандански“, Владо Јаневски даде интервју за „Слободен печат“ во кое освен за настанот, зборува и за новиот живот во Гевгелија, но и за убавините на „златните години“ што сега ги живее.

Чаирскиот романтичар во даден момент раскажува и за љубовта кога новинарката му поставува едно навистина интересно прашање.

*Некаде прочитав дека наводно на концерт сте рекле: „На 60 и кусур години ниедна не ме сака, седам дома и пишувам песни“. Навистина е сè уште така или можеби пронајдовте љубов, па ќе ми одговорите поинаку?

„Цитатот е од некој од таблоидите и порталите што си го препишаа едни од други, но всушност не реков така. Меѓу две песни раскажав анегдота за тоа како мојата драга Каролина Гочева еднаш ми рече дека ѝ се допаѓаат моите текстови, но дека забележала дека и во брзите ритмични песни текстот е некако тажен. Сфатив дека е во право и дека тоа е затоа што веројатно на крајот на секоја љубовна приказна ме напуштале и затоа на овие „60 и кусур години“ сум сам. И дека кога веќе на љубовната лотарија не сум имал среќа, барем тие искуства да ги искористам како материјал за да пишувам песни. На друг концерт, пак, наводно, сум избришал солза додека сум пеел, а јас само сум ги поместил очилата што ми се лизнале поради пот. Но, знаејќи како функционираат денешните естрадни медиуми и колку малку им е важно нешто да е вистинито, а колку важно некој да го кликне насловот-таквиот „расипан телефон“ не ме изненадува“, вели Јаневски за „Слободен печат“.

Toj неодамна откри и што прави во деновите кога не работи, а се пофали и во ова интервју дека такви се околу 300 во годината. Тренира во теретана, гледа филмови, чита книги, ја истражува околината на Гевгелија, а навечер свири клавир.

Следни Објави

Архангел Михаил: Три работи кои не смеете да ги правите денес

Православната црква и верниците денес, на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници – Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден. Овој ден е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика. По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот […]