Линда Еванс, добитничка на Златен глобус, пред два дена го прослави 82. роденден. Денес фановите тешко би ја препознале ѕвездата на култната сапуница „Династија“.
Глумејќи ја Кристл Карингтон, Линда стана поп-икона во осумдесеттите заедно со Џоан Колинс, а и денеска многумина ја паметат нејзината софистицирана убавина.
Сите беа воодушевени како таа природно старее, но се’ се промени во 2017 година кога на социјалните мрежи се појави снимка од нејзино апсење кое се случило три години претходно.
Еванс, која со години била зависна од лекови против болки, била уапсена за пребрзо возење под дејство на опијати. На задното седиште од автомобилот полицијата пронашла грст таблети. Подоцна се дозна дека актерката подолго време била депресивна. Бројните терапии и агресивни лекувања резултирале со коспоад, па морала да носи перики, открија луѓе од нејзиното опкружување.
Линда преживеа големи удари и на емотивен план. Позади неа се два развода. Првиот сопруг Џон Дерек ја оставил поради 30 години помлада љубовница, а не успеа да најде заеднички јазик ниту со вториот сопруг Стен Херман.
Линда имаше бурна едногодишна врска и со музичар и наводно тој бил иницијаторот таа да направи неколку естетски операции.