fbpx

Архангел Михаил: Три работи кои не смеете да ги правите денес

Православната црква и верниците денес, на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници – Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден. Овој ден е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

Следни Објави

Бапски лек за замастен црн дроб: Ги исфрла токсините за миг

Здравјето на црниот дроб е од исклучителна важност за целиот организам и доколку истиот не функционира како што треба, загрозени се и другите органи во телото. Замастениот црн дроб е честа појава, особено кај лицата постари од 50 години. Ако процентот на масти во црниот дроб надмине 10 отсто, тоа […]