21 ноември има големо значење во животот на семејството Митевски.
Св. Архангел Михаил се празнува како слава во нивниот дом, па популарниот македонски пејач, автор и продуцент сподели ретка фотографија со своите најблиски.
„Нека им е среќна славата на Александар и семејството Митевски, За многу години Св. Архангел Михаил. Нека носи здравје, љубов и бериќет за сите“, пишува во објавата на официјалната фејсбук-страница на дуото Александар и Дац.
За петтиот роденден на хитот „Уште ми фалиш“, продуцентот Митевски и актерот Драган Спасов-Дац пред една недела промовираа нова, женска верзија на песната. Во спотот се појавуваат 32 познати жени од различни професии. Ја промовираа на симболичен начин, на Денот на ослободување на Скопје.