fbpx

Овој наш пејач има живот како на филм: Кога почина татко му ја дозна големата семејна тајна

Познатиот македонски пејач Ѓоко Танески во 2011 година ја пронајде својата родена сестра Елена Соколова. Со двајцата браќа ја барал од моментот кога дознале за големата семејна тајна, а тоа било кога починал неговиот татко.

Танески тогаш имал 21 година, Елена-32. Вистината му ја кажала тетка му, еден ден откако го погребале татко му.

„Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да го чуваат девојчето и го дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. По една година отишле да си го земат, но тоа веќе било посвоено. Не им давале никаква информација за него, иако упорно барале„, раскажа Танески во 2018 година.

Откако дознал дека има сестра, нашиот поранешен евровизиски претставник разговарал со мајка си која веднаш му потврдила.

„Тоа се тешки разговори, многу емотивни и вознемирувачки. Ми ја раскажа приказната во која се судираат многу фактори, па и менталитетот и традицијата меѓу нив. Со браќата веднаш почнавме со потрага“, раскажа Танески во едно интервју.

Инаку, Елена знаела дека е посвоена, но таа информација не ја добила од родителите и со нив никогаш не разговарала за тоа.

Пред славеничкиот концерт летово во родниот Охрид со кој одбележа 30 години музичка кариера, Танески изјави дека со неговата родена сестра и ден денес се во одлични односи.

„Се слушаме многу често, тие доаѓаат кај нас, ние кај нив, таа живее во Богданци. И внуците исто така доаѓаат често, едното внуче работи во Охрид, па често се гледаме. Многу сум среќен поради тоа“, раскажа пејачот.  

Следни Објави

„Беше пример за јака волја, силна верба и позитива“: Колегите се простија од Валентина

По долго боледување, почина новинарката Валентина Марјановиќ која целиот работен век го помина во весникот „Вечер“. Нејзините колеги ја соопштија тажната вест. „Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за […]