По долго боледување, почина новинарката Валентина Марјановиќ која целиот работен век го помина во весникот „Вечер“.
Нејзините колеги ја соопштија тажната вест.
„Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува“, напишаа тие.
Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа доби повеќе награди и признанија.

