Помалата ќерка на легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев и пејачката Маја Гроздановска Панчева веќе гради успешна манекенска кариера.
Почетоците ги направи во агенцијата „Моделс Ин“, а денес е дел од модното студио „Црнокрак“.
Марија сега го даде и првото поголемо интервју во кое раскажува дека отсекогаш мечтаела да биде во фешн-индустријата.
„Желбата за манекенство ми се појави уште кога бев многу малечка. Почнав да гледам различни ревии на ‘јутјуб’ што ги има во странство, омилени ми беа оние на ‘Викторија сикрет’ и секогаш ги гледав со надеж дека и јас ќе го правам истото, дали тука или во странство. Тајно ги земав штиклите на мајка ми, одев во соба, си пуштав музика и си замислував дека сум на писта или пак на некоја фотосесија. Сликањето, постирањето слики, позирањето, сето тоа ме исполнуваше, едноставно уживав да бидам пред камера“, раскажува таа за „Женски магазин“.
Зборувајќи за својот стил, таа открива дека преферира минимализам и дека многу ретко се случува да комбинира различни бои кога е аутфитот во прашање. Нејзини трикови за брз, но ефектен изглед се маскара, црвенило и сјај за усни.
Марија годинава славеше матура, а подоцна објави и фотографија на која покажа како изгледале со нејзиниот партнер.
Маја и Дарко Панчеви имаат уште една ќерка, Надица, која дипломира на Филолошкиот факултет, отсек германски јазик и книжевност.