fbpx

Горд сопруг и посветен татко на две деца: Кој беше ненадејно починатиот Мицевски?

Со шок и неверување многумина денеска ја примија веста за ненадејната смрт на поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Многу негови соработници, колеги и пријатели со неверување ја примија тажната вест. Се огласија и од Семос Едукација кои со длабока тага и неверување ја примија веста за прераната загуба на нивниот драг колега и пријател.

„Борјанчо се приклучи на нашиот тим пред три години и уште од првиот ден неговата насмевка, богато искуство и позитивен дух внесоа незаборавна енергија во нашето секојдневие. Ќе го паметиме како колега каков што секој би посакал-посветен професионалец, секогаш подготвен да помогне и несебично да се вложи за тимот. Тој беше и горд сопруг и посветен татко на две прекрасни деца. Неговите принципи на добрина, чесност и искреност беа негов водич, а неговата смиреност и верба во луѓето беа инспирација за сите нас“, напишаа, меѓу останатото, тие.

Мицевски имаше само 53 години. Трагичната вест први ја објавија неговите сопартијци од СДСМ.

„Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа“, напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Следни Објави

Ѝ ги зел рацете, па му удрила шамар: Прва исповед на Агнеса за стариот функционер

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева е новата гостинка во поткастот „Кажи шифра“ кој премиерно ќе се емитува в среда на 27 номеври. Во промотивното видео таа откри и нешто кои никогаш досега не го кажала. „Имаше еден функционер, многу постар човек. Ми понуди работа, а јас мажена, со Вивијан. Знам дека, […]