fbpx

Ѝ ги зел рацете, па му удрила шамар: Прва исповед на Агнеса за стариот функционер

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева е новата гостинка во поткастот „Кажи шифра“.

Во промотивното видео таа откри и нешто кои никогаш досега не го кажала.

„Имаше еден функционер, многу постар човек. Ми понуди работа, а јас мажена, со Вивијан. Знам дека, човек, ми ги зема двете раце, и ми вика: ‘Кај сакаш да работиш?’. Си ги тргнав рацете и он ми вика: ‘А, што мислиш ти, како одат овие работи?’. Таков шамар сум му залепила.. После извесен период истиот господин ја изгуби функцијата.. Манијак. Подобро леб и сол ќе јадам, ама сама ќе работам“, раскажува Органџиева.

Таа ѝ стана интересна на македонската јавност откако нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Роберт Орданоски, инаку поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации, почна јавно да ја напаѓа дека е жена од интерес. Двојката има две ќерки.

Огрганџиева по вокација е правник. Вели дека има свои приватни бизниси и дека комплетно е посветена на својата работа. Таа неодамна стана и заштитно лице на познат ланец казина.

Следни Објави

Го славиме Свети Јован Милостив: Само ваќа ќе се спасите од несреќа и зло

Православните верници на 25 ноември го одбележуваат празникот посветен на Свети Јован Милостив, светец на добрината, како што симболично го нарекуваат. Свети Јован Милостив бил патријарх Александриски кој живеел на крајот од шестиот и почетокот на седмиот век. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како […]