fbpx

На 61 година го роди Петар: Жена од Скопје испиша историја, ова се деталите за бременоста

Во светот на медицината повеќе не постојат граници, рече денеска пред медиумите д-р Ирена Алексиовска Папестиев, директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Поводот за нејзиното обраќање во јавноста беше жена од Скопје која на 61 година го роди своето прво бебе на клиниката и стана највозрасната прворотка во Македонија.

Таа изјави дека мајката и бебето се во стабилна општа состојба, а бебето било зачнато со ин-витро постапка.

Директорката посочи дека пациентката е породена со  царски рез. Бебето ќе се вика Петар, тежок е 2.350 грама и е долг 48 сантиметри. Станува збор за пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато, со 10 инвитро интервенции и 10 спонтани абортуси. Пациентката имала и други три гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост пациентката имала покачен крвен притисок и дијабет 2, но бременоста била уредна и контролирана.

„Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме“, кажа директорката.

„Во светот на медицината не постојат повеќе граници. Медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова го говори раѓањето на бебето Петар кое на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце клетка што била замрзната, добила ин витро третман во нашата држава, целата бременост била следена во нашата држава, а породувањето е извршено на ГАК“, кажа Папестиев.

 

Следни Објави

Божиќни поклади: Секој верник треба да ги направи овие работи

Православната црква и верниците утре ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади. Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост. Свети апостол Филип е роден во Витсаида во […]