Далеку од современиот свет, во срцето на величествените Карпати во Украина, живее Марија-жена која направила храбар чекор и од корен го променила начинот на живот. Некогаш административен работник, сопруга и мајка на три деца, Марија решила да остави се’ зад себе и да започне нова приказна во планините каде, како што вели, си го пронашла мирот. Нејзината приказна не’ води во прекрасниот свет на планинската тишина и животот во хармонија со природните ритми.
Одлуката на Марија да ја напушти работата, сопругот и децата била тешка и неразбирлива за многумина околу неа. Сепак, таа го почувствувала силниот повик на планините и желбата да најде подлабока смисла во животот. Карпатите и станале прибежиште-место каде што можела да се ослободи од притисоците на секојдневието и повторно да се пронајде себеси.
„Знаев дека многумина ќе ме осудат, но чувствував дека го задушувам мојот дух во улогата што ми ја наметна општеството. Во планините најдов слобода и сила што не можев да ги најдам никаде на друго место”, ја започнува оваа жена својата приказна.
Едно од најважните места во секојдневниот живот на Марија е стара дрвена црква сместена високо во планините. Ова светилиште, опкружено со бујни шуми и тишина, не е само духовен центар туку и историски споменик кој ја зачувува вековната традиција на Хукул.

Марија често ја посетува црквата, пали свеќи за оние што ги оставила и наоѓа мир во тишината на светиот простор. Зборува за силата на верата и поврзаноста со предците, додека со посебно внимание ги споменува приказните што ги слушнала од постарите селани-за храброста, опстанокот и љубовта кон родниот крај.
Еден од начините на кој Марија ја изразува својата поврзаност со новиот живот е преку готвење на традиционални локални јадења. Нејзината кујна е домашна, а јаде исклучиво производи кои сама ги произведува-секоја храна доаѓа од природата што ја опкружува.

Нејзиното омилено јадење е бануш, каша направена од пченкарно брашно и павлака, збогатена со чадена сланина и домашно сирење. Кога готви, Марија го користи само она што сама го произведува или го наоѓа во планините-млеко од козите, ароматични билки и зачини што ги собира во природата.
„Готвењето за мене не е само подготовка на храна, туку и славење на традицијата. Се чувствувам поврзана со жените кои пред мене во овие планини ги правеле истите јадења за своите семејства“, објаснува Марија додека подготвува оброк покрај каминот.

Секојдневниот живот на Марија на Карпатите зрачи со едноставност, но има длабоко значење. Секој ден ѝ започнува со поглед на планинските врвови покриени со магла, додека планинските потоци и песната на птиците создаваат хармонична звучна позадина, пишува во репртажата за нејзиното ново свето место.
Кога не готви или не оди во црква, Марија го поминува времето чувајќи ја градината и животните или читајќи книги и шетајќи по шумските патеки. Таа вели дека пронашла мир во планините што никогаш не можела да го почувствува во напорниот градски живот.
Иако го напуштила семејството и стариот живот, Марија смета дека нејзината мисија е важна. Преку секојдневни активности, подготовка на храна и разговори со ретки посетители, таа ја оживува традицијата на Хутсулите, народ познат по својата издржливост и поврзаност со природата.
„Сакам да ја зачувам оваа култура и да ги потсетам луѓето на вредноста на едноставноста. Чувствувам дека низ мојот живот во планините не само што се пронаоѓам, туку и служам на нешто поголемо“, заклучува Марија.
Мислењата се поделени. Едни ја осудуваат нарекувајќи ја оваа нејзина постапка себична, дека мислела само на нејзините емоции кога го напуштила семејството за да го пронајде сопствениот раат. Задругите, пак, е храбра затоа што си дозволила да го следи нејзиното срце, дури и кога патот нè води далеку од сè што ни е познато.

