fbpx

Полнеше клубови, победуваше на фестивали, но на крај замина в туѓина: Македонската пејачка сврте нов лист

Поп-пејачката Елена Петреска пред година и пол се пресели во Белгија. Откако нејзиниот сопруг Андреј добил понуда за работа во белгискиот град Монс, вели дека не ѝ била лесна одлуката да замине од Македонија. Особено што овде во Скопје имаше постојана работа, 16 години беше дел од Македонската опера, а редовно настапуваше и по клубови и имаше и свој бенд.

Петреска продолжи со музика да се занимава и таму.

„Во моментов предавам соло пеење на студенти од театар кој е клон на Бродвеј, ги подготвувам за популарните мјузикли во кои учествуват. Oстанатото време два пати во неделата имам проби со мојот бенд со кој почнуваме со настапи веќе од крајот на овој месец“, открива Петреска за порталот „Смарт.СДК“.

Вели дека во Белгија одлично се снаоѓаат и нејзините две деца, Софиа (8) и Михаел (10).

„Иако за многу работи се во предност, животот е поразличен за нив во Белгија и не може да се замени со ништо слободата која ја имаат во Македонија“, заклучува пејачката.

Петреска ѝ е најпозната на јавноста по хитовите „Симни ми ѕвезди“ и „Не гледај назад“. Редовно ја гледавме на македонските фестивали, а на „Охрид фест“ неколкупати и победи.

Следни Објави

Која е Марина, новинарката која е пронајдена мртва во нејзиниот стан?

Марина Влаховиќ (39), новинарка специјализирана за Блискиот Исток, во понеделникот на 25 ноември е пронајдена мртва во стан во Марсеј. Отворена е истрага за да се разјаснат околностите на нејзината смрт. Новинарката е пронајдена без знаци на живот на терасата од нејзиниот стан во Марсеј. Таа соработуваше со неколку познати […]