Марина Влаховиќ (39), новинарка специјализирана за Блискиот Исток, во понеделникот на 25 ноември е пронајдена мртва во стан во Марсеј. Отворена е истрага за да се разјаснат околностите на нејзината смрт.
Новинарката е пронајдена без знаци на живот на терасата од нејзиниот стан во Марсеј. Таа соработуваше со неколку познати медиуми, како што се Arte, France Culture и Mediapart.
Телото на новинарката го пронашле нејзините пријатели, бидејќи со денови не се јавувала на телефон. Загрижени, отишле во нејзиниот стан и ја откриле трагичната вест.
Нејзиното тело било на терасата. Смртта најверојатно настапила неколку дена пред да биде пронајдено телото.
Според полициски извори на кои се повикува Ла Прованс, ниту еден елемент засега не укажува на насилна смрт. Наредена е обдукција за утврдување на околностите на нејзината смрт, а истрагата е во тек.