Момче и девојка на возраст од 22 и 21 година се жртвите во сообраќајната несреќа кај Ботун.
По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица ќе биде извршена обдукција.
За несреќата се огласија и од Министерството за внатрешни работи.
„На 29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.
По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи“, информираат од МВР.
Порталот „nmk-post“ во текот на денешниот ден објави и фотографија од загинатото момче. Станува збор за 22-годишниот Фарук Карага.