fbpx

Први фотографии: Едина Муса и Мачка направија свадба, Брејк им честита со „Лебедот бел“

Згодната спортистка е 11 години помлада од Димитровски

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка вечерва направија свадба во еден познат скопски локал.

Невестата која е во поодмината бременост блесна во припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, а младоженецот одбра класичен костим.

На веселбата присуствуваа и двете деца кои Димитровски ги има со поранешната сопруга, поп-ѕвездата Тамара Тодевска.

Од споделените видеа на социјалните мрежи може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“.

За микрофонот се фатил и Павле Камиловски, а меѓу познатите гости бил и шминкерот Александар Билјановски-Дадар.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Како на филм: Од Лидија ни трага, ни глас, брат ѝ сега откри неочекувани детали од исрагата

„На сите овие трауми, слушаме и разни шпекулации, дека наводно самата побегнала, па дека кај мене се криела.. Дома ми дојдоа инспектори, да пребараат. Воопшто не ни се од помош шпекулациите, и без тоа минуваме низ претежок период“. Ова е дел од потресното сведоштво на Александар Јоциќ, братот на Лидија […]