Каролина Гочева веќе неколку дена е во Германија каде што во тек е нејзината турнеја организирана за нашинците во оваа европска земја.
Нашата поп-ѕвезда настапи и во Дизелдорф и како никогаш досега си ја отвори душата. Таа ѝ е позната на јавноста по тоа што никогаш не коментира задкулисни игри и провокации, но овојпат едноставно не можеше да премолчи.
Според неа, Македонско друштво од Дизелдорф наводно упатувало апели и закани да не се присуствува на нејзиниот концертот.
„Пример кој не е толку светол, но кој морам да го спомнам вечерва. Иако некои од вас знаат за што ќе кажувам сега, и ова се случувало овие неколку месеци откако го објавивме концертот, но јас дознав пред два три дена, дека вечерашниов концерт, во Дизелдорф, во изминатиот период бил постојано бојкотиран, постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва (тука) и при тоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од оние што ни го газеа знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф“, кажа Гочева за време на нејзиниот концерт во овој град.
Македонското друштво од Дизелдорф упатувало апели и закани да не се присуствува на концертот на Каролина организиран за Македонските иселеници во Дизелдорф
— Дете Лошо 🇲🇰 (@dete_loso) December 1, 2024
Каков гној од народ сме ние, петоколонаши чак и кога сме во дијаспора 👇 pic.twitter.com/2drNMyVbgO
Публиката реагираше бурно, со негодувања и извици, но таа ги замоли посетителите достојно да продолжат да го следат нејзиниот концерт и да не паѓаат на нивото на оние кои сакале да ѝ наштетат.

