fbpx

Родена е во Сплит, но родителите ѝ се горди Македонци: Се сеќавате ли на првата пејачка на „Магазин“

Беше пејачка на легендарната група „Магазин“ од 1983 до 1990 година.

Со групата сними вкупно седум албуми, а хитовите од тоа време како „Коколо“, „Ти си жеља мог живота“ и „Три сам ти зиме шаптала име“ се’ уште се слушаат во поранешните ју-републики.

Лилјана Николовска се отсели од Југославија веднаш по излегувањето од бендот и денеска живее во Сан Педро, Калифорнија.

– Дури и кога заминав, првите три години куферите ми беа спакувани и подготвени да се вратам дома. Сепак, судбината сакаше да останам овде. Пронајдов бенд кој ми се допаѓа, се вљубив, станав мајка.. Задоволна сум и среќна – раскажа пејачката во едно интервју.

Признава дека единственото нешто што ѝ недостасува се нејзините фанови, но и некои драги луѓе со кои работела.

Се’ уште снима нови песни, но повеќе за душа, сосема неоптоварена за активно враќање на сцената. Води мирен живот, има голема градина и неколку миленици.

Николовска има еден неуспешен брак позади себе со фотографот Јадран Лазиќ. Во 1995 година таа се омажи со музичарот Пит Мазич со кого го имаат синот Тони.

Следни Објави

Каролина во шок, дознала пред три дена: Ни од Грци и Бугари, ни од оние што ни го газеа знамето..

Каролина Гочева веќе неколку дена е во Германија каде што во тек е нејзината турнеја организирана за нашинците во оваа европска земја. Нашата поп-ѕвезда настапи и во Дизелдорф и како никогаш досега си ја отвори душата. Таа ѝ е позната на јавноста по тоа што никогаш не коментира задкулисни игри […]