Има две деца и огромна поддршка од жена му: Кире пушти глас и ги воодушеви сите

Кире Науновски од Свети Николе блесна во последната епизода на шоуто „Никогаш не е доцна“. Овој 45-годишен Македонец призна дека во регионалното музичко натпреварување се пријавил веднаш штом ги исполнил условите за старосната граница, сметајќи дека има што да ѝ покаже на јавноста.

Како што кажа, талентот за музика го има уште од раѓање, а првите посериозни чекори како пејач ги направил на 16 години кога почнал да пее на свадби и на други веселби.

„Целиот мој живот ми е музика. Не ни размислував, ниту сакав да правам нешто друго. Единствена мана ми е што што отсекогаш сум бил многу срамежлив и се’ уште чувствувам трема“, изјави Кире.

Науновски веќе петнаесет години ужива во хармоничен брак и се гордее со сопругата која, како што вели, има многу разбирање за работата што ја работи со оглед на тоа што секојдневно настапува по кафеани. Плод на нивната љубов се двете деца кои ги воспитуваат на традиционални вредности.

Пред да се појави на подиумот добил голема поддршка од нашата Тијана Дапчевиќ која е дел од жирито. Кога таа видела дека Кире е под голем притисок пред настапот, му пришла и го охрабрила дека нема причина за паника и дека се’ ќе помине во најдобар ред.

Кире се претстави со рефрен од Маринко Роквиќ и доби само пофални зборови за интерпретацијата.

„Ова беше прекрасно, вие сте професионалец, не знам што друго да кажам“, му порача Едо Абдовиќ.

Најголем комплимент стигна од претседателот на жирито, Саша Милошевиќ.

„Ти си феноменален пејач. Имаш дикција, отпеа совршено“, беа неговите зборови.

Само пофални зборови за настапот имаше и Дапчевиќ.

„Генијална, господска изведба на оваа песна. Мислам дека Маринко би се гордеел со ова, ти посакувам среќа и добредојде во ова шоу“, му кажа Тијана на крајот.

Фото: Гранд онлајн

Следни Објави

Битолчанец запеа во „Ѕвездите на Гранд“: Марија го нападна, тоа што го кажа е страшно

Никола Зацески е 32-годишниот битолчанец кој го подели жирито во последната епизода на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Тој ѝ се претстави на јавноста со македонската народна песна „Лихнида кајче веслаше“ и со хит-нумерата „Пусти ритам“ од „Тропико бенд“. Зацески „заработи“ три паник-тастери, но и три позитивни оценки. Дополнителна […]