fbpx

Како да се другарки: Водителката на „Сител“ ја покажа пораснатата ќерка

Елена Стојановска-Јанковска синоќа се појави во интересно друштво на 30-от роденден на Сител.

На гала настанот во Македонскиот народен театар популарната водителка дојде со нејзината ќерка Илина која пораснала во вистинска убавица.

„Прв настан на кој одам со Илинче. Не можам да опишам колку ми е драго што е баш концертот по повод 30. роденден на ТВ Сител. За уште многу убави години“, напиша таа на „Инстаграм“.

Елена ретко објавува семејни фотографии на социјалните мрежи, но кога тоа ќе го стори секогаш предизвикува реакции.

Заштитното лице на утринската програма „Ја сакам Македонија“ во една прилика сподели слика со саканиот и тој нејзин пост стана вирален.

„Ах, она кога маж ти е убав како турски глумец“, напиша Елена.

Огнен работи како видеоаниматор и ретко се експонира во јавноста.

Следни Објави

Тој е еден од најзгодните наши музичари: Долго ја криеше саканата, а сега стана татко

Бојан Стојанов сподели радосна вест на социјалните мрежи. Македонскиот музичар кој се прослави на домашната сцена како Бока Конга стана татко. Неговата избраничка Маја Величковска му роди син. „Господ да ви даде исто чувство како нам денеска. Станавме родители!“, напиша тој на „Инстаграм“. Стојанов ретко зборува за приватниот живот, па […]