Бојан Стојанов сподели радосна вест на социјалните мрежи.
Македонскиот музичар кој се прослави на домашната сцена како Бока Конга стана татко.
Неговата избраничка Маја Величковска му роди син.
„Господ да ви даде исто чувство како нам денеска. Станавме родители!“, напиша тој на „Инстаграм“.
Стојанов ретко зборува за приватниот живот, па летово пријатно ги изненади фановите кога објави видео на кое се гледа дека неговата сакана која долго ја криеше од јавноста е во поодмината бременост.
Фото: Инстаграм