Веројатно сте слушнале за македонскиот инстаграм-профил „Вкусно без месо“. Во описот стои напишано: „Преживеана од рак на дојка“.
Зад ова име всушност се крие прилепчанката Христина Митреска, по професија дигитален маркетер, која пред неколку години се соочи со најтешкиот животен предизвик, а сега на свои 35 години се пофали дека станала мајка и тоа по природен пат.
„Некои денови светат поинаку, како премачкани со златна боја. Денес е тој ден. Станавме родители“, напиша таа на социјалните мрежи.
Со нејзиниот избраник Виктор добија девојче, а ќе се вика Нина.
Токму нејзиниот сопруг ѝ беше најголема поддршка кога дозна дека боледува од рак и дека мора да замине на хемотерапија. Во една прилика кажа дека тој деноноќно бил покрај неа и кога се смеела и кога плачела и ѝ било најтешко.