Колач со ореви. Се сеќавате ли? Највкусниот рецепт од тефтерот на нашите баби.
За претстојните празници, а особено за новогодишната ноќ обожаваа да го приготвуваат, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот, а имате и видео. Уживајте!
СОСТОЈКИ:
* 150 гр ореви
* 2 јајца
* 60 гр шеќер
* ванилин шеќер
* 200 мл млеко
* 100 мл масло
* 270 гр брашно
* прашок за пециво
* 10 лажици шеќер
* 6 лажици вода
* 150 гр чоколада
* 50 гр кекс
ПОДГОТОВКА:
Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Постепено додавајте го ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Додајте ги брашното и прашокот за пециво. Рачно промешајте и ставете ги мелените ореви.
Смесата претурете ја во маслен плех посипан со брашно и печете го бисквитот 35 минути на 180 степени.
Подгответе ја глазурата: промешајте ги 10-те лажици шеќер и 6-те лажици вода, па расстопете го шеќерот. Тргнете го од оган. Додадете ги чоколадата, оревите и мелените бисквити. Промешајте.
Посипете ги сецканите ореви, изладете и сервирајте.