Интересна објава постираше скопјанецот Никола Николовски кој на социјалните мрежи ужива голема популарност под псевдонимот Боемот.
Негов другар му испратил невообичаено видео кое тој одлучи да им го покаже на своите илјадници следбеници на „Инстаграм“.
„Чудо во црквата Свети Никола во Чаир. Мојот другар Тановски при посетата на црквата го снимил видеово каде од горењето на свеќите на плехот се оформува телото и ликот на мајката Божја на големиот празник Пречиста Богородица“, напиша тој под снимката.
За Николовски јавноста првпат слушна пред две години кога беше уапсен од полицијата под сомневање дека тој е пријавувачот на лажните дојави за бомби во скопските училишта. Истиот ден беше ослободен поради недостаток од докази за негова вмешаност во тој случај.