fbpx

Отишла на лекар поради затнато уво: Кога видела што ѝ извадиле, ќе се онесвестела

Затнати уши обично не се сериозен проблем и често се резултат на наталожена ушна маст. Иако чувството може да биде непријатно, дури да имате и незначителни проблеми со слухот, но ситуацијата обично се решава со отстранување на вишокот маснотии. Ова можете да го направите дома со помош на капки маслиново масло или со одредени препарати за растворање масти кои ќе ви ги препорача матичниот лекар. Во посериозни случаи може да се применат понапредни методи како плакнење со вода или „вшмукување“, пренесува „Мирор“.

Сепак, едно искуство на оваа тема стана вирално откако жена сподели шокантни наоди од нејзиниот медицински преглед. Таа на „Тик Ток“ ја раскажа нејзината голгота.

Кара отишла на лекар откако забележала дека едното уво ѝ е запушено. Откако докторката ја прегледала, отстранила „голема црна маса на маснотии“ од нејзиното уво, а тоа ја навело да се посомнева дека состојбата на другото уво е уште полоша.

Кара детално го опишува шокот кој го доживеала. „Кога дојде до другото уво, ми рече: ‘Маста овде се залепила за тапанчето, така што ова ќе потрае малку’. Кога конечно ја извади, рече: „Нема шанси’.

Во момент на загриженост Кара се подготвила за најлошото, но докторот открил нешто сосема неочекувано. „Мислев дека тоа е инсект“, вели Кара.

„Користеше пинцета, беше болно, и конечно ја извади-огромна грутка кучешки влакна. Ми рече дека изгледа како некој да ги натапкал и да ми ги турнал во каналот“, раскажува таа.

Кара со својата приказна сака да ги предупреди луѓето редовно да ги проверуваат ушите. Видеото брзо стана вирално, а многу корисници ги споделија своите искуства.

@karrah_peden_tram Everyone should go get their ears checked and see what treasures hide inside #ent #ears #earwaxremoval #earwax #newfearunlocked #fyp #fy ♬ original sound – Karrah😛

Еден корисник напиша: „Со години имав вртоглавица и мигрена, ги направив сите можни тестови, а потоа ми го извадија задниот дел од обетката од увото, кој се лизнало во каналот“.

Друг, пак, сподели застрашувачко искуство: „Докторот ми рече: ‘Дали имаш бело куче?’. Моето куче почина пред една година, но неговата коса сè уште беше во мене“.

Следни Објави

Зетот стана интернет сензација: На свадба доживеа неочекуван пех, гостите занемеа

Свадбите се секогаш исполнети со весели и со емотивни моменти, но понекогаш знаат да се случат и непредвидливи ситуации кои ќе останат врежани во сеќавањата на гостите до крајот на животот. Токму таква една непредвидлива сцена стана вирален хит и насмеа многу луѓе, иако за младоженецот ова искуство беше крајно […]