fbpx

Зетот стана интернет сензација: На свадба доживеа неочекуван пех, гостите занемеа

Свадбите се секогаш исполнети со весели и со емотивни моменти, но понекогаш знаат да се случат и непредвидливи ситуации кои ќе останат врежани во сеќавањата на гостите до крајот на животот.

Токму таква една непредвидлива сцена стана вирален хит и насмеа многу луѓе, иако за младоженецот ова искуство беше крајно непријатно.

За време на првиот танц, додека на видеобим се нижеа трогателни спомени од новопечената брачна двојка, се случи неочекуван пех. Во моменти на страст на младоженецот му пукнаа панталоните, па сватовите можеа да ги видат неговите боксерици.

Се разбира, како што тоа секогаш на свадба бидува, се’ беше снимено и видеото заврши на интернет.

Од коментарите по социјалните мрежи може да се забележи дека за некои оваа „сцена“ е крајно комична, додека, пак, за други многу непријатно искуство кое не би сакале да го почувствуваат на своја кожа.

Следни Објави

Жена стана мајка по 17 години борба за потомство: Во Македонија веќе ништо не е невозможно

Ништо не е невозможно за оние кои веруваат, пишува во објавата на социјалните мрежи По 17 години борба за мајчинство, на 42-годишна Македонка ѝ се исполни најголемата желба. „Овој мал јунак е резултат на процедура со одмрзнати ембриони“, напишаа од „Болница Плодност“. Мајката претходно имала два неуспешни обиди во истата […]