Ништо не е невозможно за оние кои веруваат, пишува во објавата на социјалните мрежи
По 17 години борба за мајчинство, на 42-годишна Македонка ѝ се исполни најголемата желба.
„Овој мал јунак е резултат на процедура со одмрзнати ембриони“, напишаа од „Болница Плодност“.
Мајката претходно имала два неуспешни обиди во истата болница, но, како што велат оттаму, на вториот обид замрзнале ембриони во стадиум на бластоцисти и токму тие денес ја донеле оваа радост.
„Оваа успешна приказна ни укажува на две важни работи: Никогаш не се откажувајте од вашата цел да станете родител и ембриотрансферите со замрзнати ембриони често покажуваат подобри резултати од свежите ембриони“, пишува во објавата.
Ембрионот бил мониториран во најсовремениот timelapse инкубатор-Ембриоскоп, единствен во нашата држава. Зафатот е реализиран со поддршка од ФЗОМ.