fbpx

Денес е голем и тежок ден: Верници, направете го ова

Православните верници ја слават Св. великомаченица Екатерина. Именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Света Екатерина потекнувала од царско семејство. Татко и умрел наскоро по нејзиното раѓање, па така таа останала да живее со мајка си во Александрија. Била одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која била потајно христијанка ја научила на верата во Христа.

На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имала 18 години била изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострадала во 310 година.

Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Постои верување дека секој што сака да ја запознае љубовта на својот живот се моли на оваа светителка. Потребно е да се моли секоја вечер 40 дена и желбата ќе се исполни.

Следни Објави

Стевчо проговори за ракот: Прва исповед за болеста, овој човек му дал голем кураж

Стевчо Јакимовски првпат проговори за битката со ракот во поткастот „Зрак“. Актуелниот градоначалник на Општина Карпош сподели искрени детали за предизвиците и лекциите од овој тежок период.  „Голем кураж ми даде доктор Докиќ. Ми рече: ‘Стевче, кога ова ќе го извадиш, ти си практично здрав човек’. Морам да кажам дека […]